На четиринаесетти февруари литературната секција од училиштето “Кире Гаврилоски – Јане”, традиционално го одбележува, празникот на виното и љубовта Св. Валентин. И оваа година, по единаесетти пат, на овој датум учениците од сите основни училишта од градот со убава поезија и прозни текстови ги претставија нивните училишта.
Учениците пишуваа на тема: “Љубовта како хумана порака кон луѓето”, тема за која секогаш има што да се пишува.
Литературното читање се одржа во просториите на училишната библиотека, а таму задоволството да се присуствува беше заедничко. Околу еден час учесниците и нивните ментори уживаа во мелодиите на убавиот пишан збор, а тие уште еднаш покажаа дека убавиот пишан збор може да донесе убави емоции и незаборавни моменти.