Во соработка со диреткторката на ООУ Рампо Левката и литературната секција при истото училиште предводена од наставникот по македонски јазик, Роберт Ристевски беше одршан II литературен конкурс по повод денот на македонската револуциеонерна борба. Присуствуваа ученици од сите основни училишта во Oпштина Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Првите три места им припаднаа на учениците: Гешоска Софија ООУ Гоце Делчев 3то место, Марија Ацеска ООУ Кире Гаврилоски – Јане второ место и од ООУ Јонче Смугрески с. Обршани Андреј Грашкоски прво место.
Во прилог ви ја пренесуваме и победничката песна :
„Борбата на Македонскиот народ никогаш нема да престане“
Ех,ти земјо Македонска
со векови измачувана,
еј,ти убавино
од Османлиската Империја поробувана.
Ти сонце наше што сите не грееш,
во тешките периоди татковино,
твојата крв јуначка ја лееш!
но напред чекориш силно!
Спомен траен,
на војсководци наши
чии животи згаснале како свеќа,
за наша прекрасна иднина и среќа.
Многу душмани сакале да те згазат,
тешки маки ние сме претрпувале
од оние кои многу не мразат,
мислеле дека земјата ќе ја обиколувале.
Не,не само се лажат,
нема душмани од тронот да станат,
овде нема ништо што да кажат.
Не болело срцето за љубов и мир,
сите сакале да бидеме во друг свет,
некаде таму во бескрајниот шир!
Тежело робството од сите
копнежот со насмевка ни ги будел дните.
Слобода или смрт за сите нас
боли овој сонот ваш!
нека секаде Македонскиот глас одекне,
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Oва мото нека силно екне!