Лино Червар со емотивна изјава пред денешниот натпревар: “Македонија е мојата втора татковина”

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на 3.коло Б-група на Светското ракометно првенство.

– Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победат. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт. Го имаат Лазаров, Манасков Стоилов,… Мораме да бидеме претпазливи – изјави Червар.
Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

По првите две рунди Шпанија, Македонија и Хрватска имаат по максимални четири бода, додека Исланд, Бахреин и Јапонија се без освоен бод.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.