Линкот меѓу Заев и Села од Арачиново приведен поради шверц на дрога: Уапсени и тројца прилепчани

Во текот на вчерашниот ден извршена е голема полициска акција во која полицијата привела повеќе лица кои се сомничат за шверц на дрога, меѓу кои е и братот на претседателот на општинската организација на СДСМ во Арачиново, дознава Нетпрес од извори во истрагата.

 

zela-zaev-uapsen

На акцијата, како што информираат изворите на порталот, се работело подолго време, извршени се претреси на повеќе локации при што лишени се од слобода тројца прилепчани со иницијали Ф.П., М.К. И В.В., едно лице од битола со иницијали И.Т., како и Н.Х. од Сингелиќ и Е.З. од Арачиново, а по две лица се уште се трага.

uapsen-pistoli9

Се претпоставува дека приведените лица од Битола и Прилеп хероинот и кокаинот ги набавувале од Арачиново, по што ги препродавале.

uapsen-zz

uapsen-zz1

-Инаку, првоосомничениот имал блиски контакти со коалициониот партнер на Зоран Заев, Зијадин Села, па оттука се поставува прашањето дали можеби токму тој бил линкот помеѓу Зоран Заев и Зијадин Села?, прашува Нетпрес.

-Министерството за внатрешни работи спроведува оперативна акција за сузбивање на организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со препродажба на различни видови наркотици. По завршување на акцијата јавноста ќе биде детално информирана, кусо соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.