Лилјана Поповска низ coлзи: Не ни даваат датум, а ги предадовме нашите идеали!

Пратеничката Лилјана Поповска (ДОМ), низ солзи им се обратила на колегите од хрватскиот Сабор, на денешната средба во Собранието, со голема вознемиреност заради можното недобивање на датум за преговори со ЕУ, дознава Магазин од собраниски извори. Во своето емотивно обраќање пратеничката Поповска истакнала дека пратениците од собраниското мнозинство изгласале се што било побарано од нив, па дури и претешките отстапки како договорот со Атина, договорот со Софија и болното менување на Уставот. “Со гласањето за смена на името и за смена на Уставот ние ги предадовме нашите идеали, и ќе биде голем срам, ќе предизвика голем политички потрес и фрустрации во државата доколку сега ЕУ повторно не ни додели датум за почеток на пристапните преговори“, истакнала драматично Лилјана Поповска и се извинила за солзите, пренесува Магазин.мк.

вајцата копретседавачи со состанокот, пратениците Емил Димитриев и Домагој Милошевиќ, биле малку затечени од ваквиот настап, но конверзацијата продолжила во пријателски и смирувачки тон, при што хрватските пратеници истакнале дека мора попрагматично да се разберат околностите во кои се наоѓа ЕУ и дека оплакувањето на судбината нема да помогне. Од страна на хрватската делегација било подвлечено дека официјален Загреб ќе лобира Македонија да добие датум, но дека главниот збор сепак ќе го имаат Франција, Германија, Холандија и Данска.

Претходно делегацијата на хрватскиот Сабор имаше средба и со комисијата за Европски прашања, која ја предводи пратеникот Артан Груби, при што беше потенцирано дека хрватскиот Сабор пратил и официјално писмо до Европската комисија во која укажува дека е редно Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Извор: magazin.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.