Најпопуларната водителка во Македонија, Лила Филиповска, својот љубовен живот го крие како „змија нозе“.
Иако неодамна објави серија фотографии од прстен, и мистерозно момче, па се појавија гласини дека водителката се верила, сепак таа не откри ништо и некое време не објавуваше фотографии од истиот, но вчера повторно постави фотка на Инстаграм и тоа ни помалку ни повеќе, туку стисната во прегратката на момче.
Имено таа викендов го поминува во Охрид, а оттаму сподели фотка на која мистериозно момче, на кое не му се гледа ликот ја „стега“ во прегратка.
Дали овојпат Лила ќе го открие неговиот идентитет останува да видиме.