Во недела, 27-ми април, во 20 часот по американско локално време на телевизијата „Фокс“ ќе биде објавена 15-тата епизода од 36-та сезона на „Симпсонови“, во која првпат во историјата на оваа мегапопуларна анимирана серија ќе има лик Македонец.
Оваа вест ја објави Невена Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина е основач на детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“.
-Креаторите на „Симпсонови“ одлучиле да внесат лик – спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт… бејзбол – објави Нешкоска.
Додаде дека таа лично имала консултантска улога, а сите тројца учествувале во превод и испеале песна преведена од англиски на македонски.
Што се однесува на тоа како бевме вклучени во епизодата: учевствувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски. Епизодата премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27ми април, во 20:00 часот EST (2:00 понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија FOX. Па ајде понеделник рано на сабајле сите да навиваме за нашите Springfield Isotopes, напиша таа.
Повеќе информации за самата епизода можете да погледнете во линковите подолу:
https://m.imdb.com/news/ni65242159/?ref_=nm_nwr_2
https://simpsonswiki.com/wiki/Abe_League_of_Their_Moe