Ликот на Игор Џамбазов направен од коса: Фризерка од Кривогаштани создава вистинска уметност (ФОТО)

Светлана Зуламоска Гроздановска од Кривогаштани е одличен стилист и фризер, но нејзината пасија не се само фризурите.

Таа со потстрижената коса создава вистински ремек дела. На падот во нејзиниот фризерски салон досега се нашле ликовите на голем број познати личности од шоу бизнисот, како и познати спортисти.

Ликовите се толку реални, чиниш ќе прозборат.

Најновото дело на Светлана е ликот на Игор Џамбазов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.