„Лидл“ во Швајцарија како алтернатива на тутунот за мотање почна да продава производи од канабис. Имено, Швајцарија уште во 2011 година со закон им дозволи на граѓаните постари од 18 години да купуваат и да користат канабис кој не содржи повеќе од еден отсто тетра-хидро-канабинол (ТХЦ).
Производите што се продаваат во „Лидл“ се дериват од цветовите на конопот и се дизајнирани да обезбедат релаксирачки и антиинфламаторен ефект. Пакување од 1,5 грам чини 17,99 швајцарски франци, додека пакување од три грама чини 19,99 швајцарски франци.
Од „Лидл“ истакнуваат дека нивниот снабдувач, компанијата „Битаникалс“, своите производи ги произведува во Тургау и во производството не користи хемикалии, синтетички или генски модифицирани нешта.