Бизарна јавна набавка осамна вчера на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје.“, пишува Лидер.
Набавувач е ова здружение кое е непознато на пошироката јавност, а со парите кои ги има добиено од Владата ќе ги “подмачкува“ хомосексуалците и лезбејките од Скопје, каде што е носител на државниот проект – додаваат од “Лидер”.
Тендерската документација за набавката до која стигна Економски Лидер е обилна, а во неа стои дека оваа невладина организација во склоп на „Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018“ со државни пари, ни помалку, ни повеќе – ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15ти месецов.
Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.
Целата сторија погледнете ја ТУКА