Лидерите пред одлука – избори на 11 декември?

liderska-klub-na-pratenici5 (1)

На лидерска средба претседателите на четирите најголеми политички партии денеска ќе одлучуваат дали се исполнети условите за одржување на изборите на 11 декември.
Согласно договорот, единствен неисполнет услов останува формирањето на ад хок телото за медиуми, кое може да стави рампа на патот до изборното соочување. Четирите членови на комисијата денеска на пладне ќе направат последен обид да најдат заедничко решение за да им овозможат на партиските лидери, час и половина подоцна во клубот на пратениците да констатираат дека нема пречки за да се закаже соочувањето со граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се зависи од СДСМ и од тоа дали партијата конечно ќе се охрабри и ќе им даде шанса на граѓаните да одлучуваат и да и стават крај на кризата.
Од СДСМ пак велат дека се оптимисти и дека не очекуваат ад хок телото за медиуми да биде пречка за договор.
И во ДУИ сметаат дека изборите треба да се одржат пред почетокто на зимата и да и се стави крај на кризата.
Доколку лидерите дадат зелено светло за ново изборно соочување, тогаш на денешната средба се очекува да бидат договорени и персоналните решенија за новата техничка владата, како и партискиот уредник кој СДСМ треба да го именува во македонската телевизија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.