Либискиот парламент побара протерување на амбасадорите на САД, Британија, Франција и Италија поради поддршката за Израел

Либијскиот парламент гласаше за да се протераат амбасадорите на САД, Британија, Франција и Италија поради поддршка на Израел за бомбардирање на Газа и нивниот произраелски став за Блискиот Исток.

Во соопштението објавено на својата официјална веб-страница, парламентот со седиште во источниот дел – поддржан од воениот моќник Калифа Хафтар во Либија, поделен меѓу две ривалски администрации, се закани дека ќе го намали снабдувањето со енергија доколку не престанат „масакрите“ врз Палестинците.

„Бараме амбасадорите на државите кои го поддржуваат ционистичкиот ентитет (Израел) во неговите злосторства веднаш да ја напуштат територијата (на Либија), се вели во соопштението.

„Доколку масакрите извршени од страна на ционистичкиот непријател не престанат, бараме либиската влада да го прекине извозот на нафта и гас до државите што ја поддржуваат“ – стои во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.