Летно преспанско освежување: Слушнете ја “Шарен свет” од триото ресенчани “Реприза” (Видео)

Светот од ден на ден станува се повеќе безбоен. Оваа песна претставува призма која ќе ја прекрши светлината и ќе ја распрсне во милиони нијанси – велат од бендот “Реприза” кој го сочинуваат триото ресенчани Мартин Димитриевски, Борче Димовски и Христијан Трајчевски.

– Музиката е спокој за некој, адреналин за друг, а шаренило за нас. Го попoлнува секој празен момент, го враќа секој заборавен момент, и го обојува секој нов. Нашата душа е нашата палета. Ние ја преточуваме во музика и сликаме со тонови. Да го обоиме овој Шарен свет. Да го распрскаме во секоја можна нијанса од спектарот на бои. Тие се безброј. Обоете го секој миг кој ви изгледа тажен или растажете го секој радосен час. Музиката нема задача. Нема должност освен да допира до нашата палета, велат од бендот во описот за новата песна и видео спот, која го носи името “Шарен свет”

Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.