-На 10.11.2025 во 23:16 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Битола констатирале дека патничко возило „Волво“ со битолски регистарски ознаки се движи со брзина од 112 километри на час. Возачот не застанал на даден знак за запирање и со возилото продолжил со движење – информираат од МВР.

























