Патот Кастело, последниот коридор на терористите кон Алепо, кој Сириската армија го стави под своја вооружена контрола, се претвори во пат на смртта за борците на Ал Нусра. Според нивно признавање, само во текот на последниот обид да го ослободат коридорот и да ја потиснат Сириската армија, загинале 72 борци на оваа терористичка организација, од кои 7 се високи офицери.
Сириската војска, со силна поддршка на руската авијација, цврсто ја држи под контрола фармата Малах, од каде има јасен поглед кон патот Кастело и ги уништува сите кои се движат по него. Сириски официјални извори потврдија дека без руската поддршка од воздух, не би успеале да ги задржат своите позиции на сверот во Алепо.
Погледнете го ова уништување на борците на Ал Нусра:
А.Г.