Познатата пророчица Баба Ванѓа на балканската ѕвезда Лепа Брена и предвидела дека ќе има куќа полна со пејачи и дека ќе се омажи за “човек во бело”.
Ќе живеете во одличен брак, но само ако не одбереш сопруг странец – ги цитираше Брена зборовите на Ванѓа и продолжи:
– Прво што ми падна на памет е дека ќе биде некој лекар, бидеќи мојот татко беше медицински работник, па така ги поврзав работите.
– Не бев воодушевена, бидеќи не можев да замислам јас да патувам по светот, а тој да работи во некоја болница. Покасно сфатив дека “белиот спорт”, тенисот, има бела униформа.
– Мислев дека ќе налетам на некој лекар или можеби пекар во бела униформа, но се појави тенисер во бел костум – вели Брена.