Лепа Брена објави фотографија со идната снаа, а она што го напиша го изненади целиот Инстаграм.
Српската пејачка Лепа Брена и нејзиното семејство биле гости на венчавката на ќерката од Драган Стојковиќ-Пикси, а целиот Инстаграм беше воодушевен од фотографијата која пејачката ја објави со идната снаа.
Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ наскоро ќе се венчаат, а повеќе медиуми пишуваа дека Лепа Брена и Пријовиќ немаат толку добар однос. Меѓутоа, пејачката одлучи да ги демантира сите.
Додека заедно се забавувале, Брена го искористила моментот и направила селфи со Александра, а под фотографијата напишала: “Моето драго злато”.