Леле сега Каракачанов ќе ни го напаѓа участакот во Прилеп?

Министерот за одбрана на Бугарија во интервју за Дарик радио, го повтори ставот дека Македонија мора да се придржува до договорот со Бугарија потпишан пред три години, но наместо тоа тие, како што рече. „се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија.

Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат, вели вицепремиерот Красимир Каракачанов.

Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават националниот празник на 11 октомври против таканаречениот „бугарски окупатор“, рече Каракачанов во интервјуто..

Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти, рече Каракачанов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.