Леле, леле што направивме! Вардар го направи невoзможното! Вардар е гордост МАКЕДОНСКА!

Вардар се пласира во ново финале во Лигата на шампиони и утре со почеток од 18:00 часот ќе игра против Веспрем.

Денеска во полуфиналниот натпревар Вардар одигра невозможен натпревар против Барселона. Откако на полувремето црвено-црните губеа со 7 гола разлика од моќните каталонци, во второто полувреме гледавме еден нов Вардар, еден разорен Вардар, заедништво, пожртвуваност, невидена борба.

И на крајот успех, Вардар ја порази Барселона со краен резултат 29:27.

Најзаслужен во тимот на вардарци е летонскиот џин Даинис Криштопанс кој постигна 10 погодоци и за кого едноставно ракометарите на Барселона немаа никакво решение.

Вардар ќе игра за нова титула, ќе игра за нова гордост на Македонија!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.