Лек кој го користиме сите, а не сме свесни за неговите штетни последици врз здравјето

Некои истражувања од порано покажуваат дека аспиринот може потенцијално да го намали ризикот од срцеви напади и рак, а некои пак укажуваат на тоа дека евентуалните непосакувани ефекти од аспиринот, како крварење и чир, ги ставаат во сенка неговите добри страни.

Сега, ново истражување објавено во магазинот „New England Journal of Medicine“, тврди дека секојдневното земање на аспирин може да понуди некои здравствени предности за постарите лица, но воедно им носи и потенцијални ризици.

Според конечните заклучоци од ова најново истражување, се чини дека константното користење на аспирин не придонесува во голема мерка за зачувување на здравјето кај постарите лица, како и тоа дека не го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Имено, навиката за редовно земање аспирин е поврзана со поголем ризик од обилно крварење и зголемување на стапката на смртност.

Во период од пет години, колку што и траеше ова истражување, научниците не открија значајни здравствени предности кај луѓето кои користат аспирин, а на поединечни испитаници им даваа и плацебо таблети за да ја тестираат и можноста за лажно чувство.

Помеѓу 920 лица кои редовно земале аспирин, голем број од нив умреле, односно станале инвалиди или развиле деменција, во споредба со 914 испитаници кои примале плацебо таблети.

Во споредба со плацебо групата, оние кои во ова истражување земале аспирин, заклучено е дека имаат поголем ризик од големо крварење и чести непосакувани ефекти од овој лек.

На крај, начуниците предупредуваат дека нивното истражување не се занимавало директно со тоа дали постарите лица кои се здрави, а кои користат аспирин за примарна превенција треба да продолжат или да прекинат со неговата употреба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.