Maкедонија со реми ги стартуваше подготовките за Европското првенство.
На националната арена “Тодор Проески”, Македонија ремизираше со Словенија 1:1.
Но и покрај ремито, Македонија одигра еден прекрасен натпревар, проследен со течна игра. Стрелец на голот за црвено-жолтите беше дијамантот Елиф Елмас во 55-та минута.
Во полуконтра Алиоски од левата страна центрираше во шестнаесетникот. Елмас ја „закачи“ на волеј, а со мал контакт во дефанзивец на Словенија топката ја затресе мрежата.
Словенија за реми се избори во судиското продолжение.