Лекарите овој викенд ги запрепастил еден 41-годишен Чех кој ја скршил ногата берејќи печурки во шумата во регионот на Острава. Кога направиле целосен преглед лекарите утврдиле дека човекот во крвта има дури 8,83 примили алкохол што е нов неславен рекорд.
“Човекот прво призна дека испил шише ипол пиво. Поради операцијата направивме анализа на крвта, па утврдивме дека во него има 8,83 промили алкохол”, вели лекарот од болницата Јиржи Стошек.
Докторите биле запрепастени затоа што дотогаш немале видено толку пијан пациент, а пијанството на него да не се забележува.
“Чекореше, беше ориентиран. Клинички изгледаше максимално на 2-3 промили алкохол во крвта. Ни рече дека пиел со другарите вечерта, а наредното утро кога тргнал во шумата да бере печурки се напил две пива, а прво јадел парче леб со месо”, вели ортопедот.
Чехот со 8,83 промили алкохол во крвта го соборил неславниот национален рекорд кој го држел еден тракторист, кој во себе имал 8 промили.
Светскиот рекорд на пијаност пак го држи еден Пољак на кој после прослава со пријателите му биле измерени 12,8 промили алкохол.