ЛЕГЕНДАТА НА ОКТАГОНОТ ГО ПРИФАТИ ПРЕДИЗВИКОТ НА МЕКГРЕГОР: Очекувајте гладијаторска борба!

Легендарниот бразилски борец Андерсон Силва го прифати предизвикот на Конор Мекгрегор за пресметка во УФЦ кафезот.

Силва во моментов е под суспензија на УСАД, но му истекува на 10 ноември оваа година.

Мекгрегор по поразот од Хабиб истакна дека би сакал да се бори со Силва, а бразилецот за медиумите изјави дека ја прифаќа таа понуда.

“Го прифатив предизвикот на Конор. Мислам дека Дејна Вајт би можел добро да размисли, бидејќи се работи за две големи имиња на овој спорт”, порача Силва.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.