Легендата Велески капитенската лента ја замени со место во ВИП ложата

Ракометарите на РК Прилеп ги стартуваа подготовките за претстојната сезона 2024/25 на чело со тренерот Божидар Мојсов и стручниот штаб на клубот.

Среќен почеток и успешен пласман за оваа сезона им посака и градоначалникот Борче Јовчески кој исто така присуствуваше на првиот тренинг.

-Мотивирани, полни со елан и ентузијазам стартуваме и оваа сезона со амбиции за добра позиција во Супер лигата. Подготовките во наредниот период ќе се одвиваат во рамките на нашиот град – велат од клубот.

Покрај неколкуте засилувања и продолжувањето на договорите со клучни играчи од ростерот, новина е и тоа што клубот има нов спортски директор.

Таа позиција ја презема доскорешниот капитен на клубот, Филип Велески. Велески важеше за столб на одбраната и предводник на тимот, а кариерата ја заврши на крајот од изминатата сезона.

Клубот го освои првото место во плеј-аут разигрувањето и со тоа обезбеди опстанок во Супер лигата, а погодоците на капитенот често беа клучни за победа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.