Легендата Бикоски го напушти Прилеп

Левото крило на РК Прилеп, Христи Бикоски, кој важеше за еден од подобрите поединци во дресот на прилепчани во изминатите неколку сезони, во новата сезона ќе го носи дресот на Вардар од Неготино.

Бикоски во Неготино повторно ќе работи со македонската легенда Пепи Манасков, кој беше негов тренер и во Вардар Јуниор.

Бикоски со своето искуство ќе биде значајно засилување за неготинскиот тим, кој амбициозно ја подготвува претстојната сезона. Очекувањата се дека тој ќе даде голем придонес во остварувањето на целите на клубот и ќе помогне во градењето на конкурентна екипа за пласман во горниот дел од табелата.

Вардар Неготино веќе работи на финализирање на ростерот, а ангажманот на Бикоски е уште еден чекор во насока на создавање квалитетен состав подготвен за предизвиците што следат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.