Легендарниот фудбалер на Милан: “Корона потсетува на Чернобил”- еве кои се неговите херои

Легендарниот украински фудбалер Андреј Шевченко пандемија на коронавирусот, која го зафати светот, ја спореди со експлозијата на нуклеарната електрана Чернобил, во близина на градот Припјат.

Голем број на луѓе трагично го загубија животот, уште повеќе беа заболени од најтешки болести, а поради радијацијата на луѓето ширум Еврпа им беше ограничено движењето.

– Ги гледам моменталните случувања и се ме потсетува на Чернобил. Имав само девет години кога електраната експлодираше. Беше тоа тешко време. Единствено решение беше да верувавме во она што властите ни го кажуваат, како и сега- вели Шевченко.

– Дома сум веќе 10 дена и не излегувам никаде. Сите ги преживуваме овие тешки моменти и се надеваме дека наскоро ќе се вратиме во нормала. Но, единствено решение е да ги почитуваме одлуките на државата, да останеме дома и да им дадеме на докторите шанса да се изборат со овој проблем. Сите доктори ширум планетата работат голема работа, заедно со останатиот медицински персонал, волонтерите и другите работници. Им благодарам за се. Тие се вистинските херои.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.