Легендарниот претседател на Уругвај: “Луѓето на власт треба да живеат како сите останати – сите луѓе се еднакви”

“Да го немаше Мухика, требаше да го измислиме, затоа што тој одамна не е само човек, туку симбол”, рекле уругвајските новинари за новинарот на српскиот весник “Неделник”, кој имал прилика да направи интервју со легендарниот претседател на Уругвај.

Мухика со својата харизма не може да ја промени човековата природа. На светот му донесе неверојатна надеж, и тоа е доволно, пишува Виктор Лазиќ во воведниот дел од интервјуто со поранешниот уругвајски претседател.

Тој поминал неколку дена во Уругвај, на сега прочуениот имот на Хозе Мухика и разговарал со поранешниот револуционер во изгужван џемпер за социјализмот, политиката, светот и неговата иднина…

Во подготовката на интервјуто, Лазиќ открива и зошто тие кои не го сакаат Мухика имаат таков став кон него.

Фернандо Парандо, еден од познатите моќни и славни личности во Уругвај со кој Лазиќ се запознал, му рекол дека Мухика не сака да го виде со своите очи.

“Си бил кај Мухика. Дали виде каква му е куќата, дворот, околината? Колку само неуредно изгледа? Тоа е целосно хаос. Е точно какви што му се куќата и дворот, таква ни беше и државата додека тој беше претседател”, пишува Лазиќ.

Сепак, Мухика е многу популарен на Балканот.

“Веројатно поради моите политички ставови. Јас сум голем републиканец. Убеден сум во тоа дека сите луѓе се еднакви. Ја измисливме демократијата и велиме дека тука одлучува мнозинството. Мислам дека луѓето на власт треба да живеат како мнозинството, а не како малцинството луѓе”, рекол Мухика во интервју за “Неделник”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.