Легендарниот охриѓанец Миле Пендик, зборува за екс пратениците Муковски, Василевски и Арнаудов, за Зоран Заев и ваучерите за туризам

Охриѓанецот Миле Пендик, кој минатата година и стана познат на целата јавност во Македонија, сега одново се појави пред камерите.

Пендик кој е дел од анкета на емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ зборува за темата на емисијата “поделбите меѓу Македонците” но и за други теми од интерес за јавноста.

Покрај Пендик во емисијата со новинарот Горан Момироски зборуваат и неколку други граѓани како и афористичарот од Вевчани Сашо Бетоски, сопственичка на урнат локал во истата општина како и градоначалникот на Вевчани.

Пендик зборува за поранешните пратеници од Охрид, Арнаудов и Василевски, како и за поранешниот пратеник од Вевчани, Крсто Муковски. Покрај тоа Пендик зборува и за други теми, политичките поделби во Охрид, политичкиот реваншизам, соживотот, а најјак дел е оној каде зборува за ваучерите за туризам.

Проследете во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.