Легендарниот македонски водител денеска одржа говор на Водно (Видео)

Денеска на Водно се одржа спортски марш под мотото “Спортувај и заштити се”. Маршот започна од Средно Водно, а заврши на врвот на Водно.

На маршот учество зеде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со сопартијци, а се обрати и спортскиот новинар Тони Стојановски – човекот кој после натпреварот Грузија-Македонија ја освои целата нација.

– Причината за денешниот настан е да се подигне свеста за спортот и значењето на спортот во зачувувањето на здравјето, особено во овие услови кога се соочуваме со корона епидемија и со загадување на воздухот кое што зазема енормни размери. Идејата е заедно со луѓето од спортот, заедно со луѓето од здравството да ја подигнеме здравствената култура, да го подигнеме значењето на спортувањето и значењето дека нашите граѓани можат сами да се заштитат, сами да се спасат и сами да влијаат на зачувувањето на сопственото здравје, особено во овие услови кога сѐ уште пандемијата зазема големи размери, епидемијата и понатаму е активна. Сакаме да пратиме апел да се чува сопственото здравје, да се почитуваат мерките, особено за дистанца. Качувањето по планини со цел да се зачува здравјето е многу важно, како и другите индивидуални спортови кои што можеме да ги практикуваме – рече Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека вакви акции треба да се прават почесто и мислам дека можеби ова ќе биде само една иницијална каписла за тоа што планираме вакви активности да правиме и низ целата држава, низ цела Македонија – рече Борко Ристовски, кој се заблагодари на сите кои се приклучиле да спортуваат во природа.

Тој ги повика сите граѓани да излезат од дома за да пешачат или да возат велосипед, децата да се тргнат од пред компјутерите, од пред телефоните и да сите заедно се дружат и да испратат силна порака.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.