Легендарната икона на македонскиот и светски ракомет доаѓа во Прилеп, ќе биде дел од Ракометниот караван на РФМ

Ракометниот караван во организација на Ракометната федерација на Македонија по успешниот старт во Охрид, ќе го има своето второ издание.

Следна станица ќе биде Прилеп, каде на 14 октомври со почеток во 12:30 часот во спортската сала во ООУ „Добре Јованоски“, ќе се одржи вториот караван со мотото „Ракомет – нашата игра, нашиот свет“.

Главната цел на караванот е промоција на нашиот национален спорт – ракометот, како и запознавање на најмладите генерации со неговата убавина и вредност. Веруваме дека овој настан ќе биде вистинска можност учениците да уживаат, да се забавуваат и да го почувствуваат спортскиот дух.

Промотори на настанот ќе бидат двајца прилепчани и една прилепчанка, како и легендарната икона на македонскиот женски ракомет.

На настанот ќе учествуваат: Индира Кастратовиќ и специјални гости, тренерот на РК Бутел – поранешниот репрезентативец од Прилеп, Горан Кузманоски, некогашната ракометарка, а сега ЕХФ судијка – Силвана Карбеска и левото крило на РК Прилеп – Димитар Димитриоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.