Левица Прилеп pacпyка по Сугарески за неговиот бизнис?

Политичката партија Левица преку својот огранок од Прилеп, упати сериозни обвинувања против актуелниот директор на Царинската управа, Горан Сугарески

Нивната објава на ФБ во целост ја пренесуваме во продолжение:

“НАДЛЕЖНИТЕ ИНСПЕКЦИИ ВО ЗАШТИТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНСКА УПРАВА – ГОРАН СУГАРЕСКИ!

Бројни прекршувања со узурпирање на јавна површина и прикривање на фактичка сопственост.
Неформалниот сопственик на Кафе-Клуб Табу и Ла Пиаца во Прилеп – Горан Сугарески, поранешниот Министер за транспорт и врски, денешен директор на Царинска управа, свесно и од позиција на моќ ги контролира инспекциските служби во градот за контрола на користењето на јавен простор.

Станува збор за дозволи за таканаречени „летни бавчи”, кои ги кршат сите критериуми и наликуваат на „цврсти градби”, затворени од сите страни со ПВЦ дограма, располагаат со одвод, довод, па дури и парно греење. Очигледно е намерното непостапување на инспекциските служби, под закрила на Сугарески, во заштита на неколку локални сопственици на кафичи.

Прекршенa e Програмата за утврдување на критериумите и стандардите за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп од Заклучокот за објавување на програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп, објавен во Службен гласник на Општина Прилеп број 16 од 25.12.2020 и тоа по бројни одредби”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.