Левица го претставува гласот на народот во институциите на системот, затоа, секогаш граѓаните ќе бидат известени како се раководи со народните средства, добра и опрема – се вели во денешното соопштение од прилепскиот огранок на политичката партија “Левица”.
Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:
Сакаме да ве известиме дека на 25.01.2022 година, во просториите на ЈКП Комуналец, се одржа трета по ред седница на управниот одбор на ЈКП Комуналец. На втората, по некоја случајност, печатна грешка или што не, нашиот член Атанас Белокоски не беше известен за терминот на одржување и не присуствуваше, но не по своја желба.
На третата седница на управниот одбор, на дневен ред поставена е точка за план за набавки за 2022 г на ЈКП Комуналец и истата е усвоена, но откако се поставија битни прашања и забелешки од моја страна со оглед на конструкцијата на точките од планот за набавки и распределбата на средствата.
Битна и главна забелешка е планот за трошење на не суштински средства од буџетот на ЈКП Комуналец, во време каде што јавното претпријатие се соочува со тешкотии во економско опстојување.
Така да, планирање на средства за канцелариски мебел воопшто не се гледа суштински за ефикасност на било кое претпријатие или компанија.
Се надеваме, овие не суштински трошоци да се нулираат оваа година и тие средства да се пренаменат на вистинското место, како и што беше ветено од надлежните. Доколку тоа не се случи, јавноста ќе биди известена каков бренд на мебел и по која цена ќе биде набавен.