Левица побара членовите на Управниот во Комуналец Прилеп да се откажат дневници, а парите да се донираат – предлогот не се усвоил

Соопштение од прилепскиот огранок на политичката партија Левица

“Вчера се одржа четвртата седница на управниот одбор на Ј.К.П. Комуналец.

На истата, нашиот член Атанас Белокоски, поднесе предлог одлука за донирање на дневниците од членовите на управниот одбор на социјално ранливи категории на граѓани каде што од присутни 8 члена, со 7 воздржани гласа и само еден глас ЗА од предлагачот, предлог одлуката на жалост не беше усвоена.

На истата седница, по барање на директорот Рубин Абрашоски и по предлог на Ј.К.П. Комуналец, се побара УКИНУВАЊЕ на одлука на управен одбор од претходниот мандат со која бил доделен зголемен лимит за мобилен телефон и тоа 2500 и 5000 денари месечно за директори од претходното раководство. Предлог одлуката е едногласно изгасана со 8 гласови ЗА.

Се надеваме дека ваквите позитивни пракси на кратење од непродуктивните расходи ќе продолжат и во иднина”, информираат од Левица Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.