Последниот ден од предизборната кампања од политичката партија ЛДП Прилеп го искористија за уредување на излетничкото место кај село Оревоец.
Станува збор за донација на партискиот огранок на ЛДП од Прилеп и носителот на советничката листа од оваа партија, Јане Станкоски.
Од ЛДП велат дека екологијата и чистата животна средина е еден од нивните приоритети во програмата.