Реплика на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната седница на Собранието:
“Култура во Прилеп и СДСМ нула. Ако не ги продолжевте опожарените конаци со изградба за кој што проектот беше изработен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, брука и срам ќе беше и од граѓаните на Прилеп и од туристите кои од цел свет доаѓаат. Меѓутоа затоа што Социјал демократскиот сојуз, односно членовите не посетуваа манастири, дури сега не дојдовте на власт, можеби и не знаете дека немаше пристапен пат до тој манастир, кој го изгради ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, треба да ви кажам дека претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и во манастирот Св. Архангел Михаил, изгради и уште еден конак, источниот конак. Го изградивме и патот до манастирот во село Зрзе, ги реконструиравме и конаците, прекрасни конаци, добро е ако не сте ги посетиле да ги посетите”.