Лашкоска: “Директорката е свесна дека ќе одговара за набавените автобуси во 4 очи?” (Видео)

На денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, стана збор и за новонабавените автобуси во општина Прилеп.

Како што веќе е општо познато, ЈП за ПУП при Општина Прилеп набави 4 нови автобуси на метан за 1 милион евра, а набавката веќе подолго време е центар на внимание и според опозицијата ја следат низа нерегуларности и сомнежи.

Пратеничката Ане Лашкоска коментирајќи ја оваа набавка од говорницата потенцираше дека исти вакви автобуси во Данска и Белгија чинат по 125.000 евра, а во набавката на ЈП за ПУП од Прилеп чинат по околу 250.000 евра.

Покрај тоа пратеничката потенцира дека претпријатието не распиша меѓународен тендер за набавката.

“За набавка од 1 милион евра да не е распишана меѓународна објава, некој треба да одговара. Сето ова не носи до заклучок дека автобусите се набавени во четири очи и за жал пред неколку недели споменав дека не “Рекет”, туку “Рекет” од 1 до 80 има сигурно во секоја општина и некој треба ова да го испита, и најверојатно некој ќе одговара”, потенцираше Лашкоска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.