Заедно со генералниот секретар на УЖ ВМРО ДПМНЕ, Лилјана Затуровска, учествуваме на Европската летна академија за жени лидери, во Талин, Естонија.
На маргините на оваа академија, имав исклучителни средби со, г- ѓа Дорис Пак, Претседателката на жените на Европските Народни Партии -ЕПП,
генералната секретарка на ЕПП, г- ѓа Хил Ван Стрик и други влијателни жени од земјите членки на ЕУ.
Реформите се неопходни, ако сакаме членство во Европското семејство, гласат пораките кои се едногласни, напиша на својот Фејсбук профил претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.