Управата на Барселона, предводена од претседателот Жоан Лапорта, ја доби првата битка по избивањето на аферата Негреира со која каталонскиот тим беше обвинет дека ги поткупувал судиите.
Шпанското министерство за финансии, денеска соопшти дека нема докази дека парите кои Барселона му ги уплаќала на поранешниот потпретседател на судиската комисија во Ла Лига, Енрикес Негреира, биле користени за поткупување на судии.
Лапорта упорно ги негираше обвинувањата од медиумите и од јавното обвинителство кое поднесе тужба, дека му плаќале на Негреира за поткупување на судии, и сега доби потврда за тоа од шпанската влада.
Првиот човек на каталонскиот тим, откако се појавија обвинувањата, изјави дека тие му плаќале на Негреира, за да врши анализа на судењето на натпреварите на Барселона и тоа е легално во Шпанија и истото го прават сите големи екипи.