Ладната и снежна Лапонија има се што е потребно за да донесе вистинска зимска идила, а за тоа најмногу придонесуваат огромните замрзнати арктички тундри, густите шуми и непристапниот брег. Таа е домот на еден од најпознатите ликови во светот, Дедо Мраз.
Лапонија е земјата на зимските бајки, земја на авантура и несекојдневна забава.
Туристите одат во овој регион за да уживаат во скијање, во неверојатните пејсажи, а во сето тоа ги придружува и најпопуларниот дедо на светот – Дедо Мраз. Она што е единствено непознато е точната локација на Лапонија.
Само Финска и Шведска имаат право на неа. Меѓутоа, некои луѓе сметаат дека Лапонците се селат во Норвешка и Русија.
Лапонија се протега на ладни предели, па поради ова нејзиниот животински и растителен свет е специфичен.