Лапароскопистите од “Плодност”, Синиша и Христијан Трпчевски, се стекнаа со знаења за нови најнапредни методи во Франција (Фото)

Двајцата најдобри лапароскописти од болницата “Плодност”, д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски кој работи во Австрија, а повремено своите искуства ги пренесува и во Болница “Плодност” , беа на двонеделно усовршување во Франција во клиниката Клермонт Феранд – Clermont Ferrand, клиника во која во далечната 1971 година биле почетоците на лапароскопско-хистероскопската хирургија, а до ден денес таа е место каде што се усовршуваат инструментите со кои што се работи и место каде што се едуцирале со години наназад најдобрите гинеколошки хирурзи во светот.

Во рамките на најновите обуки, тренинзи и практична работа од областа на напреднатата лапароскопија, нашите доктори се стекнаа со нови знаења, вештини и искуства кои што веќе веднаш, по нивното враќање можат да ги применат во секојдневните оперативни зафати.

Напредната лапароскопија веќе одамна се работи во Болница Плодност, а најновите специјалистички надоградби, само го надополнуваат успешниот опус на работа на нашите врвни доктори.

Уште поголемо задоволство е што за време на обуките, нашите доктори учеа, работеа и се дружеа со најдобрите во светот. Се усовршуваа под менторство на професор Benoit Rabischong, претседател на европската асоцијација за гинеколошка ендоскопија “ESGE”, професор Pouly, еден од најпознатите гинеколози во светот, а според неговата калсификација до ден денес постои неговиот “score” или проценка и третман за екстраутерина бременост. Двајцата наши доктори работеа и под менторство на почитуваниот професор Arnaud Wattiez во клиниката IRCAD во Стразбур.

Ова бесценето искуство на нашите доктори за овие простори, резултира со воведувања на новитети во лапароскопската хирургија кај нас и методи кои засега се изведуваат само во Болница Плодност. На знаењето, соодветствува и врвната најнова медицинска опрема, така што севкупно, оперативните зафати се изведуваат со што помалку нуспојави за пациентите, кои за многу кратко време мобилни ја напуштаат болницата.

Светските врвни оперативни искуства од областа на гинекологијата во Македонија, единствено во Болница Плодност Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.