“Лани оцрнувачи, годинава промотори на Пивофест?? Од кич стана култура, од вашар-екстра забава??

Oд 12-15 јули во Прилеп ќе се одржи најновото 16-то издание на фестивалот на скарата и пивото, “Пивофест 2018”.

Општина Прилеп заедно со организаторот aгенцијата “Енфинити” ја најавија програмата за оваа година, на која како највпечатливи имиња беа претставени Жељко Јоксимовиќ, Џенан Лончаревиќ, Милица Тодоровиќ, а финалето на последната вечер оваа година е препуштено на Шабан Шаулиќ.

Она што беше критикувано како најголем кич, како катастрофа што му се случува на Прилеп во овие четири дена, денеска се претставува како најголем музички настан во државата и како културна манифестација.

До само пред една година критики летаа на сите страни. Се пишуваа колумнни, се пуштаа спинови дека поради невреме се одложува програмата, се ширеше негативна кампања по социјалните мрежи, а денеска истите луѓе како да ги фати некоја амнезија, па фестивалот во Прилеп го претставуваат како мега настан.

Требаше да дојдат на власт за да признаат дека фестивалот има континуитет и изградено реноме, а тој континуитет треба да се следи.

Но, дали си стојат на зборот?

Одговорот е НЕ!

Истите луѓе ветуваа многу новини за фестивалот, нешто на што сега заборавија, па организацијата останува иста. “Пивофест” и оваа година ќе се одржи во централното градско подрачје, а во паркот на Могила ќе има поставено кампинг простор.

“За оваа манифестација, Советот на Општина Прилеп од општинскиот буџет оддвои 2.5 милиони денари”, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и додаде дека освен како културна манифестација, Прилеп ќе биде туристичка дестинација тие четири денови и дека сите патишта во Република Македонија ќе водат кон Прилеп.

На фестивалската сцена во Прилеп ќе настапат уште и: Тони Зен, Дарио, Дани, Некст Тајм, Ван Гог, Црвен Јабука, Кирил Џајковски, Александра Јанева, Либеро Бенд и Мосел.

На крај, мало потсетување како изгледаше фестивалското море од народ минатата година:

dav




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.