“Лампиони со лажните ветувања на Градоначалникот во Прилеп, на градската елка” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Младите од УМС ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, ја украсиле новогодишната елка во центарот на Прилеп со необични лампиони, преку кои ги искажаа своите новогодишни желби.

Велат дека на нив се испишани лажните ветувања на актуелниот градоначалник Илија Јованоски, па така лампионите во различни бои носат натписи како:

Сакаме нов театар, сакаме чист воздух, сакаме затворен базен, сакаме спортски игралишта, сакаме мерна станица за квалитетот на воздухот, плата од 500 евра, нови странски инвестиции, рекреативен центар на вештачкото езеро, реконструкција на стадионот и старата чаршија….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.