Македонија минимално ја порази Украина со 26:25 (13:10 на полувремето) на првиот натпревар од Европското првенство.
Херој на нашата репрезентација е капитенот Кире Лазаров кој со удар од далечина, буквално во последната секунда го реши победникот.
Македонија го контролираше целиот натпревар, но проблемите стигнаа во последните десет минути кога Украинците ја анулираа предноста и стигнаа до изедначување.
Одличен и со сигурност играч на натпреварот беше Никола Митревски кој имаше 15 одбрани на нашиот гол.
Следниот натпревар нашите момци го играат во недела против Чешка, со почеток од 16:30часот.