Деновиве во соседна Србија, во организација на Српскиот ракометен сојуз и Европската ракометна федерација, се одржа семинар за стекнување со Мастерс Коуч лиценца.
На семинарот четворица Македоници успешно се стекнаа со највисоката тренерска лиценца, а меѓу нив е и прилепчанецот Ице Соколески.
Соколески кој е дел од стручниот штаб на Еурофарм Пелистер, од неодамна на повик на селекторот Кире Лазаров стана и дел од стручниот штаб на Македонската сениорска ракометна репрезентација.
Тој ќе биде тренер на голманската тројка во репрезентацијата – Митревски, Томовски и Кизиќ.