Ниту деветте погодоци на Давор Шокоски не беа доволни за Прилеп да избегне пораз на гостувањето кај Струга.
РК Прилеп вечерва уште еднаш ги разочара ракометните љубители во градот под Марковите Кули. Екипата го забележа тринаесеттиот пораз во Супер лигата и падна уште едно место подолу на табелата.
На гостувањето кај РК Струга, прилепчани се поразени со 22 – 21 (12-10 на полувремето), натпревар од кој само победа ќе значеше успех.
Најдобар стрелец во редовите на Прилеп беше Давор Шокоски кој дури 9 пати ја тресеше противничката мрежа. Ветеранот Чантурија стрелаше прецизно 4 пати, а 5 гола постигна Марио Гичев.
Кај стружани најдобри поединци беа Бајрактаревиќ Жарко и Блажески Бобан со по 6 погодоци.
Со овој тримф Струга го престигна Прилеп на табелата, што сега во прашање го става опстанокот на прилепчани во најелитното ракометно друштво.
Веќе во наредното коло во Прилеп гостува Вардар, а прилепчани поправен ќе бараат на гостувањето кај Радовиш кој е последнопласиран на табелата.