Вечерва продолжуваат протестите “За заедничка Македонија” низ државата. Прилепчани повторно ќе излезат на улиците за унитарна Македонија, зачувување на државните симболи и македонскиот јазик.
Маршот, кој и вечерва се очекува да биде масовен, ќе го предводат учесници од воениот конфликт во 2001 година и припадници на единицата за брза интервенција “Лавови”.
Збирното место на прилепчани е хотелот “Липа” во 19 часот.