Дјук е најпознат политичар во Америка. Тој е три пати со ред избран за градоначалник во област од Минесота.
На гласањето одржано за време на викендот ова десет годишно куче за трет пат е избрано за градоначалник. “Сите гласаа за Дјук, само еден глас и припадна на неговата девојка Леси” – изјави неговиот сопственик. Како градоначалник, Дјук се појавува на три билборди на автопат, промовираќи ја областа во која е избран. Иако улогата на Дјук за некој е неразбирлива и невообичаена, ова не е прв пат животно да биде поставено на некоја државна функција. Градоначалници биле две кучиња, мачка, крава и козата Клеј Хенри III која пие пиво.