Aвстриската влада денеска најави затворање на седум џамии низ државата, како и протерување на имами, со цел државата да се избори против “политичкиот Ислам” и странското финансирање на религиозни групи.
Канцеларот Себастијан Курц рече дека владата ја затвора турската џамија во Виена која е предводена од националистичката група наречена “Арапско Религиозно општество”.
Акцијата ќе се спроведува врз основа на законот донесен во 2015 година, каде се предвидува превенција од религиозни групи кои се финансираат однадвор.
Себастијан Курц стана канцелар на Австрија во декември минатата година во коалиција со анти-миграциската “Партија на слободата”.
Во кампањата за изборите минатата година, двете партии повикуваа на засилена контрола на миграциите, брза депортација за барателите на азил чии барања се одбиени и борба со радикалниот Ислам. Владата неодамна ги претстави своите планови да забрани носење на шамии од страна на девојчињата во основните училишта и градинките, како и ограничувања за носењето на превез.