Купила куче за 150 евра: Кога животното почнало да расте сфатила што чува дома (ФОТО)

Интересна случка имала една жена од Кина која ја пренесуваат кинеските медиуми. Имено, жената била во продавница за миленици и купила јапонски шпиц за 150 евра (околу 9000 денари).

Но, како минувало времето и нејзиното милениче растело тоа не наликувало на куче. Никогаш не лаело и многу пораснало. За некое време престанало да јаде и од кучешката храна.

Крзното му станувало подебело, а опашката подолга, па девојката со причина помислила дека нејзиното милениче е поинакво.

Тогаш жената по име Ванг отишла до зоолошката градина да се консултира со тамошен стручњак.

Нејзините сомнежи се покажале оправдани бидејќи на крај дознала дека наместо куче купила – лисица.

Во локална продавница со домашни миленичиња на Ванг наместо куче и продале лисица, а таа сега ќе ја подари во зоолошката градина како би живеела во природно опкружување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.