Куновска: Се истепаа за една недела порано-подоцна да биле изборите, а денес слушам на одмор си отишле

Софија Куновска, која беше дел од високото партиско раководство на СДСМ и поранешна пратеничка ја критикува одлуката на лидерот на партијата Зоран Заев кој соопшти дека заминува на одмор до втори август.

-Се истепаа за една недела порано- подоцна да биле изборите, среда ја направија неработен ден, од што брзале за граѓаните да добијат побрзо ефикасни институции за борба со Ковид-19, а денес слушам на одмор си отишле, пишува Куновска на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.